Легендарниот босански фолк пејач Халид Бешлиќ почина на 72-годишна возраст, по кратка и тешка болест. Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево кон крајот на август.
Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко. Неговата кариера, долга повеќе од четири децении, го донесе низ безброј хитови кои станаа евергрини и неизбежен дел од секоја прослава, радио и кафанска музика.
Меѓу најпознатите песни на Бешлиќ се „Миљачка“, „Ја без тебе не могу да живим“, „Романија“, „Хеј зоро, не свани“, „Први пољубац“, „Нечу, нечу дијаманте“, „Севдах да се догоди“ и „Врачам се мајци у Босну“.
Со својот препознатлив глас, емоционална интерпретација и длабока поврзаност со публиката, Халид Бешлиќ беше омилен меѓу сите генерации, а неговата музика и наследство ќе продолжат да инспирираат и да ги поврзуваат луѓето ширум регионот.






