Во последно време во Софија станува се поактуелна темата за одземање на бугарските државјанства на лица од други земји вклучително и Македонија кои водат отворена анти-бугарска кампања со цел собирање на политички поени или други бенефити.
Порано денеска пратеникот од редовите на ВМРО, Красимир Богданов, преку социјалната мрежа фејсбук објави дека „една од следните задачи ќе ни биде да поднесеме предлог-закон за одземање на бугарското државјанство на лица државјани на други држави кои го добиле преку натурализација или декларирано бугарско потекло, а во истото време вршат отворени антибугарски активности и пропаганди“.
„Една од следните задачи ќе ни биде да поднесеме предлог-закон за одземање на бугарското државјанство на лица државјани на други држави кои го добиле преку натурализација или декларирано бугарско потекло, а во истото време вршат отворени антибугарски активности и пропаганди“, напиша на facebook пратеникот од редовите на ВМРО, Красимир Богданов.
Во интервју на tribuna.mk европратеникот Андреј Ковачев од редовите на ГЕРБ и ЕНП изјави дека „Македонците што имаат бугарско државјанство, а шират омраза кон Бугарија треба да бидат објавени јавно, а нивните државјанства треба да се одземат“.







