Македонец пронајден мртов во Љубљана, сомнеж за насилна смрт
Во Љубљана е пронајдено безживотното тело на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на словенечката полиција, Шпела Шкопорц.
Според неофицијални информации, мажот бил претепан до смрт. Полицијата извршила увид на местото на настанот, а наредена е и судска обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
„Интензивната кривична истрага е во тек и за сите наоди ќе биде известено надлежното обвинителство“, соопшти полицијата.






