Длабоко во срцето на Амазонските шуми во Перу, лежи мистериозно природно чудо: Врела река која ги зачудува научниците.
Реката има температура од околу 93 степени целзиусови, вели геофизичарот што ја посети и го потврдува ова, Андре Ризо.
Мајантујаку се наоѓа во Перу, на околу четири часа патување од градот Пукалпа, со автомобил, моторен чамец и пешачење, пишува во книгата на Ризо, The Boiling River: Adventure and Discovery in the Amazon.
Доколку ја ставите раката во водата, со сигурност ќе добиете изгореници од трет степен, вели научникот.
Водата во реката е толку врела, што локалците ја употребувале и сè уште ја употребуваат за правење чај или кафе. А во минатото, дури и некои од нив денес, веруваат дека водата има лековито дејство.
А на места каде водата е уште пожешка, животните што по грешка влегуваат во водата, завршуваат сварени.
Мистериозноста на оваа река лежи во фактот што сите други вакви врели реки најчесто се поврзани со активен вулкан, од каде што се загрева водата. Но, најблискиот вулкан до оваа река е оддалечен околу 650 километри од неа – што ја прави истата, аномалија на природата.
Никој не е 100% сигурен зошто оваа река е толку врела. Едната теза вели дека е резултат на катастрофа со нафтено поле, но според некои извори шпанските освојувачи го спречиле ова пред стотици години.
Теоријата на Ризо е дека ова е геотермална вода, од исти такви извори, чија температура се зголемува со течението низ пукнатините на Земјата. Сепак, за да се истражи добро и да се најде вистинското потекло на оваа река, потребна е долгогодишна работа и соработка на тим научници, историчари и локалци. До тогаш, реката останува мистерија.






