Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја не треба да го воведе еврото, бидејќи Европската унија, како што рече, „се распаѓа“.
Во интервју за економскиот портал EconomX, Орбан истакна дека сегашната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“. Според него, намалувањето на каматните стапки ќе се одвива „побавно од очекуваното“, бидејќи гувернерот на централната банка, Михал Варга, е „претпазлив човек“.
Премиерот нагласи дека владата нема намера да го воведе еврото во Унгарија, бидејќи земјата не смее уште посилно да ја врзува својата судбина за Европската унија.
Тој оцени дека Унијата се наоѓа во фаза на дезинтеграција и предупреди дека, доколку во рок од една до две години не се извршат темелни промени, процесот може да стане неповратен.
„Не гледам кај бриселските бирократи, ниту кај лидерите на водечките држави членки, капацитет или намера за такво нешто. Ако остане вака, Европската унија ќе биде само едно минливо поглавје во нашиот живот“, изјави Орбан.







