Синоќа во Дунав, во близина на Бачка Паланка во Србија, се случи тешка несреќа во која се преврте чамец со повеќе лица.
Според првичните информации од српските медиуми, во трагедијата има жртви и повредени. На пловилото се наоѓале 11 лица – десет кинески државјани и еден српски државјанин, кој, како што се претпоставува, го управувал чамецот. Неофицијално, несреќата е поврзана со обид за нелегално преминување на државната граница.
Досега се пронајдени осум лица: шестмина кинески државјани биле спасени од хрватските служби за спасување, а српските спасувачи извлекле еден преживеан и едно безживотно тело.
Потрагата по останатите исчезнати продолжува, а надлежните институции најавија дека подетални информации ќе бидат соопштени во текот на денот.







