Во Тетово, снабдувањето со вода за пиење е привремено прекинато поради дефект на главната водоводна мрежа на улица Јордан Златановски.
Екипите на ЈКП „Шар“ се на терен и работат со максимален капацитет за брзо отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето.
Граѓаните се замолуваат за разбирање додека траат ремонтните работи, а од претпријатието уверуваат дека водата ќе биде достапна веднаш по завршувањето на санацијата.







