Во Сочи, Украина изведе напад со беспилотни летала веднаш по завршувањето на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на Валдај форумот. Околу 22:30 часот по локално време аеродромите во градот беа затворени, а нападот започна половина час по обраќањето.
Градоначалникот Андреј Прошунин предупреди на закана од дронови, а локалните жители пријавија дека над Црното Море биле активирани противвоздушни системи, со звучни сирени и експлозии. Жителите беа советувани да се држат подалеку од прозорците и да побараат засолниште.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана и електронското војување уништиле 11 украински дронови над Црното Море и четири цели во Крим. Ограничувањата на аеродромите во Сочи и Геленџик траеја седум часа, а десет летови беа пренасочени кон други аеродроми, меѓу кои и еден од Москва кон Грозни. Според Здружението на туристички оператори на Русија, повеќе од 40 летови беа одложени.
Путин, во својот говор на Форумот Валдај кој траеше речиси четири часа, го коментираше и ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за „хартиениот тигар“ и нагласи дека Русија се бори не само против Украина, туку против речиси сите земји-членки на НАТО.






