Македонската полиција утринава имаше полни раце работа – низ повеќе градови биле фатени возачи кои зад воланот седнале во алкохолизирана состојба, некои дури со над 2 промили алкохол во крвта.
Во Скопје, на улицата Франклин Рузвелт, уапсен е И.Г. (41) кој управувал „пасат“ со 1,66 промили. Во Куманово, пак, на улицата Ѓорче Петров, А.К. (26) бил запрен со 1,77 промили, по што веднаш бил приведен за отрезнување.
Во Охрид, на булеварот Туристичка, Х.Е. (38) возел со 1,50 промили, додека во Кичево на магистралниот пат, В.А. (52) го срушил рекордот на вечерта – 2,11 промили алкохол!
Ниту Велес не остана без пијани возачи – М.С. (29) бил запрен во 03:30 часот со 1,86 промили на улицата Нада Бутникошарева. Во Кавадарци, пак, полицијата уапсила Н.Ѓ. (23) од Неготино, кој возел со 1,60 промили по улицата Шишка.
Сите возачи се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“.






