Полицијата уапси 19-годишен прилепчанец кој по сообраќајна несреќа го прободел со нож другиот возач и се обидел да избега од државата.
Инцидентот се случил вчера утрината околу 6:45 часот во Прилеп, кога по сообраќајката настанала вербална расправија меѓу двајцата учесници во несреќата – М.М. (19) и М.Џ. (43), двајцата од Прилеп.
Во момент на нервоза, младиот возач М.М. извадил нож и му нанел убодна рана на постариот учесник во инцидентот, по што побегнал од местото на настанот.
Само три часа подоцна, полициските служби го лоцирале и уапсиле на граничниот премин Табановце, каде се обидел да ја напушти земјата.
М.М. е приведен и вратен во Прилеп, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Полицијата истражува дали инцидентот бил испровоциран од претходна кавга или настанал поради последиците од самата сообраќајка.







