Според првите резултати од изборите за Долниот дом на чешкиот парламент, популистичката партија АНО на милијардерот и поранешен премиер Андреј Бабиш освои 39,7% од гласовите. Коалицијата „Сполу“ на актуелниот премиер Петр Фијала е на второ место со 19,1%.
Резултатите се засновани на 10% преброени гласови, главно од помали општини, додека се очекува поголема поддршка за „Сполу“ во градовите.
Излезноста беше околу 55%. На изборите, на кои гласаа околу осум милиони граѓани, се натпреваруваа 4.462 кандидати за 200 пратенички места. Според аналитичарите, најмалку седум партии имаат шанса да го поминат изборниот праг и да влезат во парламентот.







