Нa 02.10.2025 во 12:30 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Ш.М.(63) од с.Калаузлија. Тој се сомничи дека на 01.10.2025 околу 19:00 часот подметнал пожар покрај патот кој води кон село Калаузлија, кој бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш.
При преземање мерки, полициските службеници во близина на домот на Ш.М. го пронашле мотоциклот со кој бил кога го подметнал пожарот, како и други предмети кои ги користел при извршување на делото. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Ш.М. ќе биде поднесена кривична пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







