На 02.10.2025 во 15:50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека ученици во тоалет на основно училиште во гостиварско село пронашле кутија со четири пакувања бела прашкаста материја.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, извршен е увид, а пронајдената материја е подигната за понатамошна анализа и постапка. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.
Полицијата апелира до граѓаните за внимателност и соработка при откривање на слични случаи, особено кога станува збор за потенцијално опасни материи во училишните простории.






