Под влијание на циклонска активност, Македонија е зафатена од студен бран кој носи променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во текот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините дождот ќе преминува во снег, со што ќе се формира значителна снежна покривка. Според прогнозите, од овој бран на повеќе локации може да наврнат над 50 литри дожд на квадратен метар.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 7 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат меѓу 0 и 11. Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со дожд, а на повисоките делови од котлината и со врнежи од снег. Температурата ќе се движи од 3 до 7 степени, придружена со засилен северен ветер.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со умерен, повремено засилен северен ветер и температури меѓу 8 и 15 степени.






