Предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажаа за вистинити, Вучиќ откри дека Македонија нема стокови резерви на пченица и дека владата лаже, велат од опозициската партија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање нa Македонија ќе ѝ испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка, јави дописникот на МИА од Белград.
Ние денеска ги добивме потребите на Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.
Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






