Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес оствари средби со повеќе групи граѓани кои ја негуваат локалната традиција, култура и ентузијазам.
Тој најпрво се сретна со прилепските музичари, кои, како што рече, се „чувари на македонската музика и гордост за градот“. Проданоски разговараше и со организаторите и учесниците на „Tuning Car Show“, еден од најголемите автомобилски настани во земјата, кој ја обединува младината и љубителите на автомобилизмот.
На крајот, Проданоски се сретна и со гулабарите, врапчарите и рибарите – луѓе кои со тивка упорност ја негуваат љубовта кон природата и традицијата.
„Секој ден во Прилеп носи нова енергија и нови моменти. Заедно со луѓето што создаваат и ја чуваат традицијата, ја гледам иднината на нашиот град“, порача Проданоски.






