Денеска, 1 октомври 2025 година, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје изврши претреси на три локации на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров по претходна судска наредба.
При претресот, лишен од слобода е Д.Б. (24) од Скопје, а во неговиот дом пронајдени и одземени се кокаин, марихуана и пари.
По целосно документирање на случајот, поднесена е кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство Скопје за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик на РСМ.






