На 30 септември 2025 година, во 17:45 часот, 77-годишна жена од Скопје пријавила во СВР Скопје дека била измамена за сума од 180.000 денари.
Според пријавеното, настанот се случил кога на нејзиниот телефон се јавило лице кое се претставило како полициски службеник. Лицето ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете, и дека ако не сака таа да кривично одговара, мора да даде пари.
Жената ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила дома и контактирала со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.






