Европската унија применува двојни стандарди кога станува збор за политиката на проширување, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Тој посочи дека Грција и Бугарија со години го блокирале европскиот пат на Македонија и Србија, без да бидат обвинети за поткопување на европското единство.
„Дали тогаш некој ги обвини тие земји за поткопување на европското единство? Секако не,“ рече Сијарто во интервју за српската РТС.
За разлика од тоа, нагласи тој, секогаш кога Унгарија ќе го искористи правото на вето во однос на Украина, е изложена на жестоки критики и политички напади.
„Секогаш кога Унгарија ќе го искористи правото на вето стануваме жртва на политички напади,“ додаде Сијарто.






