ОВЕН
На работа може да чувствувате притисок и да сте принудени да завршите обврски побрзо од очекуваното. Во љубовта, партнерот ќе покаже своја страна што можеби нема да ве воодушеви. Внимавајте на крвниот притисок.
БИК
Фокусирани сте и максимално посветени на работата, но љубомората може да ве оптовари. Недоволна доверба во партнерот и сомнежи за нешто скриено. Внимавајте на урогениталниот тракт.
БЛИЗНАЦИ
Очекува многу работа и промени на работното место, можни се заминувања на соработници. Во љубовта владее монотонија. Внимавајте на крвната слика и имунитетот.
РАК
Овој месец може да решите некои проблеми кои долго ве оптеретувале. Сакате да го задржите партнерот, но се чувствувате дека губите контрола. Чувствителен кардиоваскуларен систем.
ЛАВ
Поволен месец за работа, особено со соработници Стрелци. Во брак, се обидувате да најдете време за одмор од партнерот. Осетлива бешика.
ДЕВИЦА
Успешен месец за деловни преговори и потпишување договори. Привлекувате внимание со својот мистериозен став. Поминувајте време во природа.
ВАГА
Склони сте кон расфрлање и трошење на пари. Внимавајте да не зажалите подоцна. Губиток на апетитот.
ШКОРПИЈА
Концентрацијата е слаба, избегнувајте важни одлуки. Склони сте кон самосожалување и премор. Неопходен е добар сон.
СТРЕЛЕЦ
Нервоза и ограничувања во деловните планови. Во љубовта можеби идеализирате минатото и чувствувате тага. Склони сте кон депресија.
ЈАРЕЦ
Можете да се потпрете на колегите. Поволен месец за планирање средба со саканата личност на далечина. Поминувајте време на свеж воздух.
ВОДОЛИЈА
Внимавајте да не се вклучите во интриги со претпоставените. Делувате дистанцирано кон партнерот, но всушност сте повредени. Болки во грбот.
РИБИ
Поволен месец за патување и потпишување договори. Сè ќе ви оди од рака и може лесно да освоите личност која ви се допаѓа. Избегнувајте масна и пречесто зачинета храна.






