Да се биде личен преведувач на рускиот претседател Владимир Путин носи голема одговорност и стрес, открива рускиот портал Аргументи и Факти.
Преведувачите мораат да се справуваат со Путинoвите импровизации, духовити забелешки и сложени руски изреки, кои понекогаш немаат адекватен превод на други јазици.
Претседателот често користи народни изреки, војнички или жаргонски термини за кои преведувачите мораат да најдат соодветна адаптација. На пример, на еден економски форум изјавата „Волјно!“ го изненадила преведувачот.
Путин внимателно ги следи преводите и често ги коригира грешките лично. Во еден случај, преведувачот погрешно ја намалил прогнозата за економски раст од „околу 7 проценти“ на „околу 5 проценти“, што претседателот веднаш го исправил.
Во исклучителни ситуации, Путин сам преведува. На форумот на Народниот фронт, кога немало достапен преведувач од германски, тој директно го превел прашањето и одговорот, што ја покажува неговата способност како лингвист и политички лидер.
Улогата на Путинoвиот преведувач е исклучително важна: една неточно изговорена реченица може да предизвика сериозни политички последици.






