Иако ноктите често се сметаат за естетски детал, експертите предупредуваат дека промени на нив можат да укажат на сериозни здравствени проблеми, особено со срцето. Станува збор за Квинков знак, кој се забележува кога при притисок на ноктот бојата ритмично се менува од розова во бела и обратно, во согласност со отчукувањата на срцето.
Овој знак укажува на аортна регургитација, состојба при која аортниот залистoк не се затвора правилно, дел од крвта се враќа во срцето, што го оптеретува срцевиот мускул и може да доведе до слабеење на срцето, застој или дури изненадна смрт ако не се лекува.
Покрај промената на бојата на ноктите, други симптоми кои треба да алармираат се:
Замор и слабост
Лупање на срцето
Болка во градите
Краток здив
Оток на нозете или вртоглавица
Истражување објавено во British Medical Journal покажува дека Квинковиот знак помогнал за рана дијагноза на срцева слабост кај пациент со аортна регургитација.
Совет: Ако забележите ритмички промени на бојата на ноктите, особено со други симптоми, веднаш посетете лекар. Раното откривање може да спаси живот.






