Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изненади јавноста со изјава дека е подготвен да ја напушти функцијата по завршувањето на војната со Русија.
Во интервју за Axios, новинарот Барак Равид го праша дали ќе продолжи како „мирнодопски претседател“ или ќе се кандидира за уште еден мандат. Зеленски одговори: „Ако ја завршиме војната со Русија, да, подготвен сум да не излезам на избори. Изборите не се моја цел. Сакав да бидам со мојата земја и да ѝ помогнам да ги преброди тешките времиња. Моја цел е да заврши војната“.
Тој додаде дека постигнувањето примирје би отворило „можност за одржување избори“.
Изјавата предизвика бурни реакции во Украина – дел од јавноста ја поздрави како знак на скромност и одговорност, додека критичарите ја оценија како чист ПР потег, споредувајќи го Зеленски со американскиот претседател Доналд Трамп.







