На 18.12.2024 во 15.00 часот СВР Тетово, 28 – годишна жена од тетовско село пријавила дека едно лице се обидело да ја измами. Според пријавеното, лицето ја контактирало на социјална мрежа и с епонудило да даде донација за нејзиниот болен брат, при што побарало да му испрати лична карта и трансакциска сметка од лице кое е во работеноднос. Како што е пријавено, набргу на сметката на нејзината мајка пристигнале 19.000 денари, за кои им рекол да ги подигнат и нему да му дадат 15.000 денари, додека останатите 4.000 денари ги остава за донација. Исто така, според пријавеното, кога отишле во банка им кажале дека парите кои им билепуштени на сметка потекнуваат од брз кредит на нејзино име, по што веднаш било реагирано ипарите биле вратени на испраќачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






