Поранешниот италијански премиер Масимо Д’Алема во изјава за Corriere della Sera откри дека при неодамнешната средба во Пекинг, рускиот претседател Владимир Путин изгледал „многу исцрпено“ и дека бил придржуван од две лица.
Иако официјалните снимки од настанот не оставаа таков впечаток, Д’Алема уверувал дека близината на средбата го изненадила. Тој додал дека Путин во однесувањето го потсетил на поранешниот италијански лидер Силвио Берлускони во последните години од неговиот живот.
Здравствената состојба на Путин со години е тема на шпекулации – од наводи за тумор и Паркинсонова болест до Кушингов синдром – кои Кремљ постојано ги демантира. Познато е дека руските безбедносни служби собираат биолошки траги од претседателот при неговите патувања за да спречат откривање на евентуални генетски податоци или терапии.
Иако американските и британските разузнавачки служби досега немаат докази дека Путин боледува од сериозна болест, тие внимателно ги следат сите навестувања.
Дури и разговорот со кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг отвори дилеми околу возраста и долговечноста. Додека Си истакна дека и во седумдесеттите човек може да биде „млад“, Путин зборуваше за биотехнологија и за идејата за „бесмртност“.







