Рускиот претседател Владимир Путин останува подготвен да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Поканата не е ставена на чекање, таа е постојана. Путин е подготвен и радосен да се сретне со претседателот Трамп. Сè зависи од неговата одлука,“ нагласи Песков.
Поканата била упатена уште во август, по разговорите меѓу двајцата лидери во Анкориџ, Алјаска, кога Путин предложи следната средба да се одржи во Москва.
Американскиот претседател тогаш изјави дека можноста за таква средба е реална, но призна дека ќе се соочи со критики доколку ја прифати.







