Украинското Министерство за надворешни работи објави карта на која, како што тврдат, е прикажана рутата на дрон што влегол во украинскиот воздушен простор од Унгарија.
Министерот за надворешни работи Андриј Сибиha ја објави картата на социјалната мрежа X, придружена со порака:
„За слепите унгарски функционери. Точната рута на вчерашниот упад на дрон. Нашите вооружени сили ги собраа сите докази, а сè уште чекаме објаснување од Будимпешта што правел тој објект над Украина.“
Оваа реакција доаѓа само еден ден по изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој на Фејсбук напиша дека претседателот Володимир Зеленски „почнува да го губи разумот“ поради, како што вели, неговите протиунгарски ставови.
„Сега му се привидуваат чудовишта“, изјави Сијарто, одговарајќи на тврдењата на Зеленски дека извидувачки дронови од Унгарија го повредиле украинскиот воздушен простор и веројатно го испитувале индустрискиот потенцијал на пограничните области.






