Данската полиција потврди дека непознати дронови синоќа летале над најголемата воена база во земјата, Каруп, во централниот Јитланд. Инцидентот траел неколку часа, а полицијата не успеала да ги собори беспилотните летала и сè уште не може да потврди од каде доаѓаат или кој ги управувал.
Министерот за одбрана ги нарекува серијата вакви инциденти „хибридни напади“, истакнувајќи дека станува збор за сериозен безбедносен предизвик. Освен Каруп, дронови биле забележани и над воени бази во Алборг, Билунд, Есбјерг, Сендерборг и Скридструп, каде се стационирани Ф-16 и Ф-35 борбени авиони.
Главниот аеродром во Копенхаген претходно оваа недела беше затворен поради повеќекратни прелети на дронови, а цивилните летови беа пренасочени кон Каруп и Копенхаген. Данските власти најавија зајакнување на мерките за заштита, соработка со меѓународни партнери и забрзан развој на системи за неутрализирање на беспилотни летала.
Некои европски политичари не ја исклучуваат можната врска со Русија, но официјални докази засега нема, а Кремљ ги отфрла обвинувањата.






