Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди мобилизација на сите ресурси за зајакнување на нуклеарната програма, со цел да се „изостри нуклеарниот штит и меч“ за заштита на националниот суверенитет и безбедноста на земјата.
Јужнокорејскиот министер за обединување, Чунг Донг-јанг, соопшти дека Северна Кореја поседува два тона високо збогатен ураниум со концентрација над 90 отсто. Тој предупреди дека само 10 до 12 килограми се доволни за производство на една нуклеарна бомба.
– Во овој момент е невозможно Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма преку меѓународни санкции, истакна Чунг. Тој додаде дека обновување на разговорите со САД би можело да претставува пробив во напорите за денуклеаризација.






