Најмалку 17 лица загинаа во конфликт меѓу ривалски групи затвореници во Еквадор, јавува агенцијата Ефе. Според првичните информации, немирите избувнале синоќа околу 3 часот наутро по локално време, а роднините на затворениците информирале за случувањето преку социјалните мрежи.
Еквадорското Министерство за внатрешни работи и затворската администрација сè уште не ја потврдиле бројката на жртви. Локалната веб-страница Примисијас јавува дека бројот на загинати може да биде и поголем.
Ова е втор сериозен инцидент во еквадорските затвори оваа недела, по судирот во понеделник во покраината Ел Оро на границата со Перу, каде беа убиени 14 лица. Од 2021 година, околу 600 затвореници загинале во насилни судири во казнено-поправните установи во земјата, според Ефе.
Кризата со насилство во затворите беше еден од мотивите поради кои претседателот Даниел Нобу во јануари 2024 година воведе итни мерки за борба против криминалот.






