Драма на летот на Нетанјаху: Избегнува половина Европа
Авионoт со кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху патува за Њујорк, на Генералното собрание на ОН, избегна да влезе во воздушниот простор на повеќето европски земји, освен Италија и Грција, што значително го продолжи патувањето, пренесува Тајмс оф Израел.
Според изворите, ваквата рута е поврзана со налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на Нетанјаху поради наводни воени злосторства во Газа – обвиненија што Израел ги негира. Многу држави веќе најавија дека би го уапсиле доколку стапне на нивна територија.
Наводно, летот го заобиколил и воздушниот простор на Шпанија, која ја поддржа истрага на МКС, додека претходно Нетанјаху откажал посета на Азербејџан за да избегне лет над Турција, чиј претседател Ердоган е еден од неговите најостри критичари.






