Американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека неговиот говор на Генералното собрание на ОН бил обележан со „три чина саботажа“ – дефект на подвижните скали по кои се качувал со сопругата Меланија, неработење на телепромптерот и проблем со озвучувањето поради кое светските лидери не можеле да го слушнат.
На „Трут соушл“ тој напиша дека скалите нагло застанале и дека за малку ќе паднале, обвинувајќи дека станува збор за намерна саботажа. Побарал од ОН да ги обезбедат снимките од безбедносните камери и најави вклучување на Тајната служба во истрагата.
Обединетите нации одговорија дека безбедносниот механизам на ескалаторот бил активиран најверојатно од Трамповиот снимател кој се движел наназад по скалите, а дека со телепромптерот управувала Белата куќа, не ОН.






