Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, јавно се налути на својата партија ДУИ поради поддршката за коалициониот партнер Зијадин Села пред локалните избори. На социјалните мрежи тој им порача на своите следбеници да гласаат за советничката листа на „независните“.
„Ја поддржувам независната листа за советници во Струга. Тие ќе работат за доброто на општината. Заокружете го бројот 120“, напиша Мерко на „Фејсбук“.
Мерко, инаку истакнат член на ДУИ, е на црната листа на САД од јуни 2023 година, означен како лице вмешано во „значајна корупција“. Со истата одлука, на американската црна листа беа ставени и неговата сопруга и трите полнолетни деца.
Покрај тоа, Обвинителството продолжува да отвора предмети против градоначалникот, последниот поврзан со тендерот за осветлување на вливот на Црн Дрим во Охридското Езеро.






