Премиерот Христијан Мицкоски најави два значајни инфраструктурни проекти – реконструкција на болницата „8-ми Септември“ во Скопје и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
„Денес сакам да споделам две важни вести. Првата е темелна реконструкција на ЈЗУ Градска општа болница ‘8-ми Септември’, позната како ‘Воена болница’. Втората е реконструкција и изградба на нова административна зграда на охридскиот аеродром ‘Св. Апостол Павле’“, објави Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Тој најави дека повеќе детали за овие проекти ќе бидат соопштени на претстојната прес-конференција. Останува да се види како овие инвестиции ќе придонесат за подобрување на здравствениот и авио- сообраќајниот сектор во земјата.







