Густ столб чад попладнево се издигна над Прилеп, откако избувна пожар на влезот во градот. Според првичните информации од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), огнот зафатил поголема количина смет на локација каде што, според жителите, со месеци се фрлало ѓубре.
Од ДЗС информираа дека на терен е распоредена Противпожарната единица Прилеп и интервенцијата е во тек. Засега нема информации за евентуална опасност за населението и објектите во близина.






