Државната изборна комисија денеска ги извлече редните броеви под кои ќе настапат партиските кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. СДСМ ќе настапи под број 5, а ВМРО-ДПМНЕ под број 9.
Ова е целосната листа со броеви на парламентарните партии:
Искуство за успех ЗНАМ Демократска партија на Србите Национална алијанса за интеграција (НАИ-ДУИ) Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ Левица Коалиција Влен Коалиција за Зелена иднина Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ
На дополнително жрепкање ќе се утврдат броевите на кандидатите од вонпарламентарните партии и независните граѓански листи.
Изборната кампања официјално започнува во понеделник, на 29 септември, и ќе трае до 17 октомври, додека денот на гласањето е закажан за 19 октомври. Доколку има потреба од втор круг, тој ќе се одржи на 2 ноември.






