Русија и Индија разгледуваат договор за производство на борбени авиони Су-57
Индија би можела да набави најмалку две ескадрили руски борбени авиони од петтата генерација Су-57, како и да разгледа можност за домашно производство на овие авиони во соработка со Русија, јавува RT.
Според предлогот, првите две ескадрили би биле испорачани подготвени за употреба, а компанијата Hindustan Aeronautics Limited (HAL) во Nashik би можела да произведе дополнителни 3–5 ескадрили. Договорот е сè уште во почетна фаза и е одвоен од програмата за повеќенаменски борбени авиони (MRFA), каде Индија веќе го одбра француското летало Rafale.
Исто така, во рамките на развојот на домашен напреден борбен авион (AMCA) со двомоторен stealth дизајн, Индија инвестира 148 милиони евра, додека минатиот месец владата одобри договор вреден 6,45 милијарди евра за домашно производство на авиони. AMCA е наменет за повеќенаменски мисии, вклучувајќи воздушна надмоќ, удари по земја, електронско војување и сузбивање на противвоздушна одбрана.






