Путин продолжува со ограничувањата на Новиот СТАРТ како „гест на добра волја“
Русија одлучи да ги продолжи квантитативните ограничувања од Новиот СТАРТ за уште една година по нивното истекување, што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го нарече „гест на добра волја“ од страна на претседателот Владимир Путин.
„Претседателот Путин многу добро ја разбира важноста на овој документ за глобалната стабилност и безбедност. Никој ништо не бараше од нас, ова е јасен гест на добра волја“, изјави Песков за радиото RBK, пренесува Интерфакс.
Новиот СТАРТ (или START III) е договор помеѓу Русија и САД за взаемно намалување на стратешкото нуклеарно оружје. Путин претходно истакна дека Русија е спремна да ги почитува ограничувањата и по 5 февруари 2026 година, доколку и САД го направат истото.
Во февруари 2023 година, Путин објави суспензија на активностите во рамките на Новиот СТАРТ, но потенцираше дека Русија не се повлекува од договорот.







