Трамп: НАТО треба да соборува руски авиони во својот воздушен простор
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека земјите членки на НАТО треба да соборуваат руски авиони доколку навлезат во нивниот воздушен простор.
Оваа изјава следеше по неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, пренесе „ABC News“.
Полска и Романија веќе пријавија нарушувања на својот воздушен простор, а Естонија минатата недела соопшти дека три руски авиони влегле во нејзината територија, што Москва го негира.
Полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски веднаш одговори на ставот на Трамп, пишувајќи на мрежата „X“: „Прифаќам“.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја потврди посветеноста на Алијансата на одбраната на својата територија, но истакна дека одлуките за воено ангажирање се носат во реално време и зависат од процената на заканата, намерите и ризиците по цивилите и инфраструктурата.







