Во вакво време од големо значење е да се пофалат компаниите кои и покрај кризата се обидоа на било каков начин да им помогнат на вработените. Една од нив е и ДМ (dm drogerie markt) Македонија.
Менаџментот на компанијата и покрај 14 редовни плати во текот на годината, сите вработени на почетокот од овој месец ги изненади со исплатен вонреден бонус во износ од 9.000 денари на нивните банкарски сметки.
Како што велат тие со овој гест компанијата сакаше да изрази посебна благодарност до целиот тим, за дополнителната посветеност и придонес за време на кризата, бидејќи тие како вработени во маркет се едни од најизложените граѓани во општеството.
На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на вработените во Македонија, додека слична иницијатива е спроведена и во другите земји во кои делува dm, објави Фактор.
Целосниот текст прочитајте го тука https://faktor.mk/kovid-poddrshka-kompanijata-dm-im-isplati-bonus-od-9000-denari-na-site-vraboteni?fbclid=IwAR0laRm8oX-Xkm4zlnL4mr1J226wiDH2dyRZFIRpxG4O2uKQSWnhXKN3D6c






