Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија е „хартиен тигар“, нагласувајќи дека Русија отсекогаш се поврзува со мечка.
„Русија воопшто не е тигар. Таа е мечка, а хартиени мечки не постојат“, изјави Песков за руските медиуми.
Трамп претходно оцени дека, по три и пол години војна, Русија изгледа како „хартиен тигар“ и дека вистинска воена сила би завршила таков конфликт за помалку од една недела.
Песков додаде дека Кремљ не се согласува со изјавите на Трамп и дека неговиот променет тон кон Украина се должи на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и делегација на американски републиканци.






