На 22 септември 2025 година, во 07:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Александар Урдаревски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К. (46) од село Кучевиште, и мотоцикл управуван од А.К. (23) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди неговиот сопатник Н.Д. (22). Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје.







