Уште два дена ни остануваат да уживаме во убавото стабилно, сончево и топло време преку ден. Сепак утре (среда 24 септември) во попладневните и во вечерните часови од запад полека облачноста ќе се зголемува што ќе биде најава за поголема промена на времето која ни следува од четврток (25 септември) попладне и ноќта кон петок (26 септември).
И во Скопје овие два дена ќе имаме сеуште стабилно, претежно сончево и топло време со постепено зголемување на облачноста од утре (среда 24 септември) во попладневните и во вечерните часови.
Што се однесува до температурите, тие на многу места ќе надминуваат 25 степени, или ќе се искачуваат близу 30 степени, а во Скопскиот регион како и во најголем дел од Повардарието температурата ќе надминува 30 степени.
Следува детална метео анализа околу големата промена на времето која ни следува и која ја најавувам веќе подолго време.







