Утрово на регионалниот пат Велес – Градско, кај селото Ногаевци, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две патнички возила и трактор, соопшти СВР Велес.
Во сударот учествуваа возилата „голф“ и „форд“ и трактор без регистарски таблички. Повреди беа констатирани кај возачот на тракторот и сопатникот во „голф“, кои веднаш се пренесени на понатамошно лекување во велешката болница.
Според АМСМ, сообраќајот на патниот правец кај крстосницата за Ногаевци е нормализиран по прекин од речиси два часа, а увид на местото на несреќата извршија екипи од СВР Велес.






![[ВИДЕО] Страшна сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-18-221319.png)