Новите светски трендови во енергетиката одат во насока на возобновување на нуклеарната енергија
Војната во Украина покажа дека гасот како енергент за производство на електрична енергија веќе станува премногу скап, што од друга страна ја крева и цената на електричната енергија произведена на тој начин, па од тие причини сѐ повеќе земји повторно се вртат кон нуклеарната енергија како единствен начин да се обезбедат доволни количества домашна струја за домаќинствата и економијата по ниска цена
Сашо Таневски
Како што се случуваат големите геополитички преструктурирања на светската мапа, така паралелно се прават енергетски сојузи за обезбедување извесност во снабдувањето со електрична енергија по цена што ќе овозможи конкурентна економија и граѓанска благосостојба.
Она што станува повеќе од јасно е дека енергетската сувереност ќе биде клучна за идното опстојување на секоја земја, па од тие причини, покрај воените сојузи, се склучуваат и сојузи за обезбедување стабилна енергетска иднина.
Војната во Украина покажа дека гасот како енергент за производство на електрична енергија веќе станува премногу скап, што од друга страна ја крева и цената на електричната енергија произведена на таков начин, па од тие причини сѐ повеќе земји повторно се вртат кон нуклеарната енергија како единствен начин да се обезбедат доволни количества струја за домаќинствата и националното стопанство (економијата) по ниска цена.
Земјите од регионот размислуваат за сопствени нуклеарни капацитети
И додека светот, но и Европа почнуваат да сфаќаат дека обновливите извори на енергија стануваат сѐ помалку обновливи, односно природните ресурси како водата почнува да ги снемува, а енергијата добиена од сонцето со актуелната технологија ни оддалеку не ги задоволува реалните потреби, повторно се отвора дебатата околу тоа нуклеарната енергија да биде прогласена за зелена.
Целиот текст на Нова Македонија







