Ким Џонг Ун: Северна Кореја е подготвена за разговори, ако САД се откажат од барањето за денуклеаризација
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека е подготвен за нови разговори со САД, но само доколку Вашингтон се откаже од инсистирањето на денуклеаризација. „Нема причина да избегнуваме дијалог, ако САД ја прифатат реалноста и сакаат вистинска мирна коегзистенција“, рече тој на седница на Врховното народно собрание, пренесува Ројтерс повикувајќи се на државните медиуми во Пјонгјанг.
Ким нагласи дека Северна Кореја никогаш нема да се откаже од својот нуклеарен арсенал во замена за укинување на санкциите. Тој првпат по долго време го спомена американскиот претседател Доналд Трамп, со кого се сретна трипати за време на неговиот прв мандат, истакнувајќи дека сè уште има „убави спомени“ од нивните средби.
Изјавите доаѓаат во момент кога новата либерална влада во Сеул го повикува Трамп повторно да преземе водство во обидите за дијалог, шест години откако мировните преговори пропаднаа поради санкциите и прашањето за разоружување. Според аналитичарите, споменувањето на Трамп е сигнал за можно „отворање“ и повик за преиспитување на американската политика кон Пјонгјанг.





![[ВИДЕО] Украина собори два руски амфибиски авиони Бе-12 на Крим](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/09/screenshot-2025-09-22-121037.png)

