Необична ситуација ја изненади финската женска фудбалска репрезентација пред натпреварот со Србија – селекторката Оути Сааринен по грешка повикала 51-годишна поранешна репрезентативка наместо актуелната млада дефанзивка.
Имено, Сааринен по грешка ја внела Стинa Русканен, која последен пат играла за Финска пред 29 години, наместо 23-годишната Нане Русканен од шведскиот клуб Ѓургорден. Грешката била откриена дури по истекот на рокот за пријавување на играчи за натпреварот.
„Дефинитивно сум подготвена ако ме повикаат. Вчера дури и одиграв меч во рекреативна лига, така што сум во форма“, изјавила постарата Русканен за весникот Ilta-Sanomat.
Младата Русканен, која не е во роднинска врска со Стинa, поради грешката не настапила во натпреварот од Лигата на нации кој завршил нерешено 1:1 во Хелсинки.
Селекторката Сааринен упатила јавно извинување: „Нане, секако, беше разочарана, но го прифати сето тоа со разбирање. Многу жалам за грешката.“






