Трамп одби воена помош за Тајван додека преговара со Кина
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да одобри воена помош од 400 милиони долари за Тајван, додека паралелно води трговски преговори со Пекинг, јави „Вашингтон пост“. Одлуката би претставувала значајна промена во американската политика кон островот, но засега не е конечна.
САД дипломатски престанаа да го признаваат Тајван во корист на Кина во 1970 година, но остануваат главен снабдувач со оружје. Пекинг, пак, го смета Тајван за своја провинција и не ја исклучува употребата на сила.
Трамп денес треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг за трговски компромиси, вклучувајќи царини и договор за TikTok. Под претседателството на Џо Бајден, САД одобрија над две милијарди долари воена помош за Тајван, но Трамп не поддржува испорака на оружје без финансиска компензација, став што го има применето и кон Украина.
Во август, американски и тајвански воени претставници разговараа за можно договарање продажба на оружје вредно повеќе милијарди долари, вклучувајќи дронови, ракети и опрема за надзор.
Со растечкиот воен притисок од Кина, Тајван ја зголемува својата одбранбена потрошувачка, а Министерството за одбрана планира вонреден буџет до 28 милијарди евра, што би било рекордно ниво.






