Египет работи на иницијатива за формирање заеднички арапски воени сили по примерот на НАТО, со цел заштита на арапските држави во случај на напад, објави либанскиот весник „Ахбар“, повикувајќи се на извори од Каиро.
Предлогот, кој првпат бил изнесен пред околу девет години, повторно добил на значење по неодамнешниот израелски напад врз лидерите на Хамас во Катар.
Според неименуван извор, Египет предлага во рамки на новата структура да вклучи околу 20.000 свои војници, како и да се развие механизам за брза активација на силите. Моделот предвидува учество на повеќе арапски држави, меѓу кои се спомнуваат Мароко и Алжир, со можност за споделување на командни позиции.
Каиро инсистира на тоа да ја има првата командна функција, додека втората би му припаднала на Саудиска Арабија или на една од земјите од Заливот, наведува „Ахбар“.






