Нови правила за возачите во ЕУ од 2028 година: Камперите до 4,25 тони со Б категорија
Љубителите на камперите од 2028 година ќе имаат олеснување: возачите со дозвола од категорија Б ќе можат да управуваат возила со тежина до 4,25 тони, објави германскиот автомобилски клуб ADAC.
Новото правило ќе важи само за возачите кои го положиле испитот по 1999 година, а е дел од ревидираната Директива на ЕУ за возачки дозволи, усвоена во 2023 година. Земјите-членки имаат рок од десет години за примена, а Германија најави дека ќе започне со имплементација дури во 2028 година.
Можно е да бидат воведени дополнителни услови, како задолжителна обука или нов испит. Во меѓувреме, остануваат на сила сегашните ограничувања за возила потешки од 3,5 тони: забрана за престигнување камиони и максимална брзина од 100 км/ч.






